МТВ: Спотот за Империја не ги задоволува стандардите за достојно претставување на Македонија

Од:

МТВ се огласи со став дека видео записот за евровизиската песна Империја не ги задоволува стандардите и ќе бидат извршени корекции. Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 – во Малме, Шведска“, стои во писмото испратено од Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, пишува Вест.

Во демантот од МТВ пишува:

Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот, комплетно изработен од Егзит Б Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван.

МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала, ниту го отстранила спорниот видео запис од било која веб страна на Интернет. Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин – 18 ти март 2013-та година , кога тој треба да се предаде на ЕБУ.
МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста, за инволвираноста во идејното решение и реализацијата на видео спотот и сериозно размислува, за одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ