Студијата спроведена со 49 лица покажа дека психопатите прават сосема поинакви избори од луѓето без ова нарушување.
Др. Џош Бакхолц, невролог од Харвард, проучувал мозоци на 49 лица кај кои е утврдена оваа болест.
– Со години бевме фокусирани на идејата дека психопатите се луѓе кои не се во состојба да ги генерираат своите емоции и дека тоа е причина зошто ги прават сите тие ужасни нешта, но проблемот кај психопатите не е какви чувства имаат или немаат, туку е работа на изборите кои ги прават, објасни тој.
Истражувањето покажало дека мозокот на психопатите се разликува на два начини. Мозокот на психопатите е исклучително отворен за награди. Последиците од некоја акција едвај влијаат на нивниот процес на донесување на одлуки.
Наспроти тоа, здраво лице ќе размисли што би можело да изгуби, па со самото тоа можните последици играат многу важна улога при неговиот избор или некоја одлука.
Докторот се обидел да објасни дека ова истражување го поместува фокусот од психопатите како безчувствителни чудовишта.
– Тие не се вонземјани, тие се луѓе кои донесуваат лоши одлуки. Импулсивното донесување на одлуки кои ги забележуваме кај психопатите е забележано и кај луѓе со проблем од компулсивно прејадување или тие кои конзумираат психоактивни супстанции, додава тој.