Мозила ги претстави првите Фајрфокс смартфони

Од:

„Мозила“ ги објави деталите за своите први смартфони кои ќе работат на „Фајрфокс“ оперативен систем.

Првите два смартфони ќе ги произведува мала шпанска компанија „Geeksphone“, а ќе бидат наменети за сите што се занимаваат со развој на софтвер. Платформата е базирана на програмскиот јазик ХТМЛ5, а се рекламира како уред што ќе им овозможи на сите што развиваат софтвер поголема слобода од алтернативните уреди, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, овие телефони ќе треба да се борат за дел од пазарот на кој веќе се наоѓаат оперативните системи Андроди, иОС, Виндоус Phone, Блекбери 7 и Симбиан.

Смартфоните од Мозила ќе бидат познати како Кеон и Пеак. Кеон е основен модел со екран од 3,5 инчи, камера од три мегапиксели и релативно слаб Qualcomm Snapdragon 1 процесор. Пеак има екран од 4,3 инчи, камера од осум мегапиксели и многу помоќниот процесор Snapdragon 4.

Според Мозила Пеак е нешто побрз и помоќен од првата генерација уреди што ќе бидат понудени на пошироката јавност. Исто така, уредот ќе биде и поевтин од многу други алтернативни избори.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска