Компанијата „Моторола“ претстави нова камера под името „Мото Мод“, која може да се комбинира со уредите „Мото Зет“, „Зет Плеј“ и „Зет 2 Плеј“, со помош на модуларното куќиште на компанијата.
Камерата е поставена на горниот дел на пластично куќиште кое се спојува со уреди од „Мото Зет“ серијата како останатите „Мото Мод“ додатоци, а поседува и леќи од двете страни кои овозможуваат фотографирање под агол од 360 степени.
Камерата е претставена во Гана, а деталните спецификации и цената не се познати, како ни на кои пазари ќе биде достапна.