Компанијата DDG изгради нов објект во американскиот град Њујорк инспириран од човечки скелет. Зградата треба да се користи за станови, а претставува освежување во типичната њујоршка средина.
Од компанијата DDG наведуваат дека инспирираноста од човечкото тело па и скелетот, во архитектурата не е ништо ново. Така го истакнуваат примерот на каталонскиот архитект Антонио Гауди, кој за своите згради често имал инспирација од скелети.
Уште еден пример е архитектот Сантјаго Калатрава кој популарноста ја стекнал со згради кои потсетуваат на скелет од риба. Претставниците на DDG велат дека новата зграда е спој на модерното и историското и дека претставува нешто неовообичаено во околината во која се наоѓа.