Новосадското студио „Салт енд Вотер Дизјан“ изработи модел на монтажни еколошки куќи, кои може да се адапирааат и пилагодат на секое опкружување.
Куќата е изработена од дрво и се базира на концептот на отворен простор, кој овозможува силна поврзаност меѓу ентериерот и околината.
Таа е замислена како објект за различни намени, па нејзината геометрија може да се менува во зависност од потребите на сопствениците.
Во основниот модел централниот дел на куќата го сочинува отворен простор во кој е предвидено да се сместат дневниот престој, трпезаријата и кујната. Покрај овој простор, куќата има и уште една просотроја наменета за спалана соба, бања и остава.
Куќата има и пространа тераса, која по желба на сопствениците може да се одвои од останатииот дел на градбата или да се постави на друга локација.