Сребрениот долар искован во 1794 година, за кој многу експерти сметаат дека е првата таква кованица којашто ги искова Американската ковачница на пари, е продаден за рекордни 10 милиони долари на аукција.
Претставник на аукциската куќа Дејвид Боуерс вели дека монетата има единствена карактеристика поради која е исклучително вредна.
Тоа е првиот искован американски метален долар. Ниеден музеј нема сличен, изјавил тој.