Молитвено чествување за Тоше Проески

Од:

По повод пет години од загинувањето на Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи молитвено чествување.

Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески.

Стихови ќе чита актерката Софија Гогова Врчаковска, стихови на влашки – Биљана  Ѓоргиевска, а пораката на Тоше – Валентина Георгиевска. Свое обраќање ќе имаат проф. д – р Љупчо Ајдински, филантроп, Стојан Тренчевски – хуманист и хроничар и Митко Костов, лидер на Лигата на Власите.

Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Тоше Проески загина на 16-ти октомври 2007. во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска