По повод пет години од загинувањето на Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи молитвено чествување.
Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески.
Стихови ќе чита актерката Софија Гогова Врчаковска, стихови на влашки – Биљана Ѓоргиевска, а пораката на Тоше – Валентина Георгиевска. Свое обраќање ќе имаат проф. д – р Љупчо Ајдински, филантроп, Стојан Тренчевски – хуманист и хроничар и Митко Костов, лидер на Лигата на Власите.
Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.
Тоше Проески загина на 16-ти октомври 2007. во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.