Во една шума во близина на градчето Зајст во централниот дел на Холандија, неодамна е изградена вилата „Керекбош“, чии вертикални и хоризонтални линии се спојуваат со гранките и крошните на околната борова шума.
Семејната куќа е изградена од тули и дрво и со своите нијанси на кафена, сива и песочна боја, таа целсоно се вклопува со шумата и околната трева.
Главна карактеристика на дизјанот на оваа куќа е неговата транспарентност, што се постигнува со големите прозоци од подот до таванот и со стаклената фасада, кои се отвораат кон околината.
Вилата има и убава тераса, која овозможува уживање во природата во теоплите летни денови.