Вилата „Херенвен“ е дизајнирана од страна на архитектонското студио Lautenbag Architectuur. На имот сместен недалеку од Херевен, тие креирале модерна вила со чист дизајн, со многу стаклени и специјални карактеристики кои се реализирани во постапката.
Имотот е позициониран на црн подиум што пружа илузија дека куќате лебди насочена кон текот на реката.
Прекрасната фасада поседува контрастни финиши кои вклучуваат свиткани перфорирани метални панели, кои создаваат извонреден ефект внатре во ентериерот на куќата, заедно со современиот влез и прекрасните дрвени тремови.
Ентериерот на оваа куќа поседува чисти линии со многу впечатливи детали од перфориран метал кој е користен надвор и дозволува просторот да е многу осветлен и создава ефекти кои се рефлектираат од ѕидовите, пружајќи алтернативни димензии, кои пак, нудат приватност од идните резиденции во близина.
Стаклените панели од подот до плафонот поседуваат минимални рамки и додаваат чувство на отвореност на конструкцијата внесувајќи природа во ентериерот и пружајќи на домаќините прекрасни изгрејсонца и зајдисонца над волшебниот пејзаж. Овие посебно поставени прозори креираат специфичен фокус на екстерните елементи, флората и фауната, сместени во околината.