На 86-от кат во зградата со број 432 на популарната „Парк Аванија“ во Њујорк се наоѓа пентахус, кој импресионира со својот изглед и дизјан.
Станот, до кој се доаѓа преку приватен лифт, се сосоти од дневен престој, застаклена кујна со трпезарија, библиотека, три спални соби и четири бањи.
Во пентхаусот доминираат неутрални, нежни и топли бои, како кремаста, млечно бела, светло кафена и светло сива, што создава смирувачки амбиент и целиот стан го прави гостопримлив.
Широкиот спектар на различни текстури и дава нежност на целата шема на дизајнот, надополнет со современи парчиња мебел кои претставуваат вонвременска мешавина на стилови од 20-от век.
Големите прозорци со димензии три на три метри, овоможуваат влез на големо количество светлина во пентхаусот и во исто време нудат прекрасен панорамски поглед кон Њујорк.