Двособен стан во една стара зграда во Шведска е претворен во свтеол и простран модерен дом збогатен со интересни дизјанерски решенија.
Станот ги задржал оригиналните елементи на високите тавани и дрвениот под, но сето останато во него е модерно и современо.
Станот има голем и простран ходник преку кој се влегува во модерната зона за дневен престој, јадење и готвење, која претставува една отворена целина. Кујната е опремена со современи елементи за домаќинство и во неа има практични работни површни и простор за складирање.
Од современата дневна соба има излез на балкон, кој е совршено место за утринско кафе и за опшуштање. Големиот број светилки на балконот придонесуваат за создавање на смирувачка атмосфера, пред се во текот на долгите зимски ноќи карактериситчни за Шведска.
Спалната соба е одвоена од просторот за дневен престој. Таа има доволно голем брачен кревет, а целиот простор е збогатен со плакри кои се есттески сокриени со завеси.