Во украинскиот главен град Киев се наоѓа двокатен стан, кој привлекува со својот релаксирачки и сјаен шарм и со суптилниот дизајн.
Во ентериерот на дуплексот се користени светли нијанси во комбинација со смирувачки тонови на неутрални бои, со што е постигнат амбиен кој создава смирувачко чувство.
Во станот доминираат дрвените подови, металните лустери и текстурните ѕидови, кои се споени на беспрекорен начин и иако изгледа дека сите работи не се на своето вистинско место, сепак зрачат со хармонија.
Од главниот влез на станот се преминува во ходник кој води до дневниот престој, каде веднаш во очи паѓаат елегантините скалите што водат до спаланта и детската соба на горниот кат.
Трепзаријата е сместена во мал простор до големата кујна, каде има доволно простор за сместување на сите потребни елементи, што овој простор го прават функционален.
Спалната соба со вкусно дизјанираниот ѕид и современото осветлување делува како луксузна оаза, додека детската соба со аголните кревети изгледа удобно и привлечно.