Модерен дом со ретро ентериер

Од:

Американското дизајнерско студио „Клоф Архитекчр“ трансформираше една куќа изградена кон средината на минатиот век во модерен дом, но при тоа е задржан неговиот ретро ентериер.

Сопствениците на куќата „Ајхлер“, која се наоѓа во американската сојузна држава Калифорнија, сакале да се модернизира и прошири нивната семејна куќа, но во исто време да се задржи ентериерот во стилот карактеристичен за времето во кое таа е изградена.

Промените вклучиле уривање на ѕидовите меѓу дневната соба, трпезаријата и кујната и создавање на единствена голема флуидна просторија. Дополнително се проширени спалните соби, доградена е канцеларија и изградена е нова бања.

Во делот каде е сместена кујната поставен е шанк околку кој се распоредени столови во разни бои, кои соврешено се надополнуваат со дрвената трпезариска маса, салонскиот простор и разнобојниот орман, кои нудат чувство на топлина.  

Прозорците од подот до таванот нудат поглед кон дворот на куќата и воедно овозможуваат влез на големо количество природна светлина во внатрешноста, додека дрвените рамки ја нагласуваат интересната геометриска архитектура на целата конструкција,

За надополнување на целиот амбиент на куќата во дворот се поставени големи зелени површини, при чие креирање е водено сметка за структурата на уметничкиот изглед.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска