Една од карактеристиките на современото живеење е тенденцијата за враќање кон природата, па луѓто се почесто за престој бираат места подалеку од градската врева, загадувањето и стресниот градски живот.
Поаѓајќи од ова, архитектот Кели Дејвис изгради дрвена мобилна викендичка, која го доби името „Ескејп“ („Бекство“). Основна карактеристика на куќата е тоа што може да се преместува со помош на приколка.
„Ескејп“ е изградена од еколошки и енеретски одржливи материјали, а поради нејзината мобилност, таа се третира како камп-приколка, па нејзиниот сопственик е ослободен од плаќање данок на имот.
Дрвената викендичка има соба за дневен престој, кујна, спална соба и бања, а како што вели нејзиниот творец таа е „рачно изработена според највисоките градежни стандарди“.