Со анализа на податоци собрани во текот на последните десетина години, њујоршките астрофизичари успеаа да добијат тродимензионална слика на Млечниот пат.
Се покажа дека нашата галаксија не е рамна како плоча, како што досега се верувало, туку е профилирана во неколку концентрични бранови.
– Астрономите забележале дека бројот на ѕвездите во Млечниот пат забрзано се намалува на 50.000 светлосни години од центарот на галаксијата, а потоа се појавува прстен ѕвезди на околу 60.0000 светлосни години од нејзиниот центар, објасни коавторот на студијата, Су Јан од Астрономската опсерваторија во Кина.
– Она што го гледаме денес, тоа што изгледа како прстен, всушност, е ондулација на плочи, така што многу е веројатно дека ги има уште од надворешната страна, кои се сме ги забележале, објасни тој.
И додека поголемината на Млечниот пат до сега беше проценета на 100.000 светлосни години, њујоршките астрофизичари чија студија објавена е во списанието „Астрофизика Џурнал“, сметаат дека таа достигнува 150.000 светлосни години.
– Тоа е кога фрлате камен во стоечка вода, брановите се шират од точката на ударот, рече лидерот на истражувањето, Хајди Џо Њуберг.
До сега се откриени четири ондулации, но границите на Млечниот пат би можеле да бидат уште поодалечени, наведе таа.