Компанијата „Касперски Лаб“ денеска соопшти дека злонамерната програма МиниДјук (MiniDuke) е користена за напад на интернет страниците на влади и институции ширум светот.
Најновите истражувања на компанијата покажуваат дека МиниДјук напаѓачите и понатаму се активни, а злонамерната програма е создадена на 20 февруари.
За да ги загрозат своите жртви, напаѓачите ја користат многу ефектната инженерска техника на социјалните мрежи, како што е испраќањето злонамерни ПДФ документи. Овие документи се многу релевантни, со добро смислена содржина која прикажува информации за семинарот за човекови права (АСЕМ), како и украинска полиса за странци и план за членките на НАТО.
Во овие документи се наоѓаат безбедносни пропусти кои ги напаѓаат верзиите на програмите Abode Rider 9, 10 и 11.
Основачот и директор на компанијата „Касперски Лаб“ Еуген Касперски оцени дека станува збор за многу необични кибер-напади.