Милјардерите од Европа за една година станаа побогати

Од:

Минатата година генерално беше повеќе од добра за милијардерите, вклучително и за европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на милијардери на Форбс за 2021 година – 117 повеќе од претходната година.

Бројот на милијардери во светот пораснал за дури 30 проценти, според годишниот извештај на угледното бизнис списание Форбс – сега има 2.755, од кои 493 се нови членови на овој елитен клуб. Скоро 90 проценти од нив денес се побогати отколку што беа пред пандемијата.

Најбогат човек на светот повторно е основачот и извршен директор на гигантот за онлајн шопинг Амазон, Џеф Безос. Неговите средства се проценуваат на надреални 177 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од минатата година.

Втор најбогат (до неодамна прв) е Илон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21 процент) на производителот на електрични автомобили Тесла. Сега тежи 151 милијарда долари, што е за цели 126 милијарди повеќе од минатата година.

Трет најбогат човек на светот и најбогат Европеец е Французинот Бернард Арнолт чија семејна компанија држи 70 елитни брендови како „Луј Витон“, „Кристијан Диор“, „Живанши“ и „Хенеси“. Богатството на Арнолт се зголеми за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.

Четвртиот најбогат човек на светот и втор најбогат Европеец е Шпанецот Амансио Ортега, сопственикот на Зара, кој е „тежок“ 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе отколку во 2020 година. Тој е на 11-то место на листата на Форбс. А, веднаш зад него е Французинката Франсоа Бетанку Маерс со своето семејство, ќерка и наследничка на Лилијана Бетанку, која почина во 2017 година, чија соспственост е козметичкиот гигант Лореал. Таа е исто така најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари, што е за 24,7 милијарди повеќе отколку во 2020 година.

Четвртиот најбогат Европеец доаѓа исто така од Франција, земја со вкупно 42 милијардери (заедно имаат 512 милијарди долари). Тоа е Франсоа Пино со неговото семејство, сопственик на групата Керинг, која е сопственик на елитните брендови Сен Лорен, Гучи и Александар Меквин. Неговото богатство е 42,3 милијарди долари, 15 повеќе отколку во 2020 година.

Иако Германија има најмногу милијардери во Европа – 136, со вкупно богатство од 635 милијарди долари – најбогатиот Германец, е на 38-то место во светот. Тоа се Беате Хајстер и Карл Албрехт џуниор, синови на Карл Албрет, основач на ланецот супермаркети Алди и петти најбогати Европејци. Тие се „тешки“ 39,2 милијарди долари, шест повеќе отколку во 2020 година.

Шестиот најбогат Европеец е уште еден Германец – Дитер Шварц, сопственик на групацијата Шварц, која работи со ланци на супермаркети. Богатството на Шварц е 32,7 милијарди долари.

На седмото место е милијардерот од Италија, тоа е Џовани Фереро, извршен претседател, поранешен директор и мнозински сопственик на гигантот за облека „Фереро груп“, основан од неговиот дедо Пјетро Фереро. Во 2018 година, Фереро Груп ја купи американската подружница на швајцарскиот прехранбен гигант Нестле за 2,8 милијарди долари.

Германија има 136 милијардери, Русија 117, Велика Британија 56

Европската земја со најмногу милијардери зад Германија е Русија, со 117 милијардери кои имаат вкупно 583,9 милијарди долари богатство. А, најбогатиот Русин, барем според официјалните податоци, е Алексеј Мордашов и неговото семејство, „тежи“ 32,6 милијарди долари. Мордашов е мнозински сопственик и поранешен сопственик на производителот на челик Северстал.

Велика Британија има 56 милијардери со вкупно богатство од 213 милијарди долари, а најбогат Британец е Џејмс Ратклиф. Сепак, со 17 милијарди долари (6 милијарди повеќе отколку во 2020 година), тој е само на 117. место на листата на Форбс. Ратклиф е основач, извршен директор и мнозински сопственик на хемискиот гигант Инеос.

Монако е на првото место по број на милијардери на милион жители

Ако го се анализира бројот на милијардери на милион жители во одредена земја, малото Монако е на прво место со тројца милијардери, следува друга микро-држава – Лихтенштајн, кој има еден милијардер, но дури 26 милијардери на милион жители. На третото место е Исланд, со двајца милијардери, или 5,61 на милион жители.

Неочекувано, Швајцарија е на четвртото место со своите 40 милијардери, односно 4,68 на милион жители. Најбогат Швајцарец е Џанлуиџи Апонте со неговата сопруга Рафаел. Нивниот бродски гигант MSC им донесе богатство од 10,6 милијарди долари.

Кипар е на петтото место со пет милијардери, или 4,3 на милион жители. Најбогат на Кипар е магнатот за нафта и гас Џон Фредриксен, Норвежанец по потекло, со богатство од 10,4 милијарди долари.

На седмото место е Шведска со дури 41 милијардер, или 4 на милион жители. Најбогатиот Швеѓанец е Стефан Персон, поранешен директор, мнозински сопственик и син на основачот на гигантот за облека H&M. Богатството на Перрсон е 21,3 милијарди долари.

На осмото, деветтото и десеттото место на милион жители се наоѓаат Норвешка со 12 милијардери, Грузија со двајца и Ирска со 9. Вкупно 29 европски земји имаат најмалку еден милијардер, а во последните неколку години Унгарија и Словачка се приклучија на клубот, секој со по еден милијардер.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска