Милионер нема време да си го троши со богатството

Од:

Дваесетиседумгодишниот Арон Леви живее во скромен стан, иако неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.

Целосно е посветен на својата работа и како што истакнува, нема време да се заморува со своето богатство.

Тој живее во скромен стан иако повеќе време минува во својата канцеларија. На егзотични патувања тој и не помислува иако има и многу повеќе отколку што му е потребно за себе си да си дозволи квалитетен и луксузен одмор.

– Работам напорно и долго затоа што навистина ја сакам својата работа и уживам во тоа. Морате да поседувате одредено ниво на дисциплина и одлучност за да успеете во животот. Морате да работите напорно и да се одречете од некои работи. Тоа се однесува на секого, рече младиот милионер.

Неговата компанија Бокс сместена е во Лос Алтос во Калифорнија во срцето на Силиконската долина. Box.net наменет е пред се за деловните корисници и им овозможува да ги складираат своите податоци за одреден паричен надомест доколу им е потребно повеќе простор од тоа што бесплатно го добиваат.

Едноставно, корисниците изнајмуват простор и со своите податоци пристапуваат преку компјутер или паметен телефон.

– Воопшто не сум фокусиран на парите и престижот. За мене нема ништо повозбудливо од правење добри производи. И понатаму сакам шпагети, би можел секогаш да ги јадам. Во луксузните ресторани јадам единствено кога моите клиенти тоа го бараат, рече милионерот додавајќи дека неретко договори склучува и во Мек Доналдс. с

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ