Компанијата „Macro Bathroom Concepts“ од Италија претстави многу необичен мијалник.
Мијалник скриен во таинствена дрвена кутија, инспириран со класични елементи на наутички свет и стари времиња, кутија која еднаш ќе се отвори, го открива својот вистински идентитет: многу функционално подрачје за шминкање со „Кориан“ мијалник опремен со славина од нерѓосувачки челик, огледало, фиока, светло и штекер.
Кога е затворена, станува елегантна дрвена кутија, но во исто време многу функционална.
Произведена благодарение на техничките вештини на „Макро“, скриениот дизајн го осмисли дизајнерот Џулио Џиантурко.
Совршен производ за чести патници кои можат да уживаат при самата помисла дека се во можност да носат со себе дел од тоалетот каде и да патуваат.