Мигрената го оштетува мозокот

Од:

Резултатите од истражувањето, спроведено врз 300 возрасни лица, меѓу кои имало и испитаници со потежок облик на мигрена, покажале дека таа не го зголемува ризикот од мозочни удари, но предизвикува оштетување на мозокот.

Мозоците на сите испитаници биле двапати скенирани, и тоа првпат во текот на 2000 година, а потоа и во 2009 година. Во текот на овие девет години кај жените кои страдаат од мигрена забележани се повеќе оштетувања на мозокот, отколку кај жените кои не чувствуваат силни главоболки.

Холандски истражувачи тврдат дека жените кои страдаат од мигрена имаат структурни промени во мозокот, но се уште не е познато дали таквите промени предизвикуваат мигрена или настануваат како последица на самата мачнина.

Мигрените често се јавуваат како женска болест, а истражувањата покажале дека жените, освен силните главоболки, чувствуваат и мачнина, болки во очите и вртоглавица.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска