Microsoft работи на концепт на интелигентен рачен часовник со екран чувствителен на допир, пишува интернет изданието на деловниот магазин The Wall Street Journal од неделата, цитирајќи извори од кооперантите кај кои се нарачани делови за развој на часовникот компјутер.
Според The Wall Street Journal, претходно годинава Microsoft, побарал од своите азиски партнери да организира снабдување со компоненти, вклучувајќи екран на допир со дијагонала од околу 4 сантиметри. Се претпоставува дека екранот е дизајниран за паметен уред во форма на часовник. Неименуван извор на весникот изјавил дека тој се сретнал со тимот на Microsoft за истражување и развој. Сепак, кога компанијата планира да го објави прототипот на уредот, сè уште не е соопштено. Официјални претставници на Microsoft одбиле за WSJ да ја коментираат оваа информација.
Компанијата Microsoft уште пред десет години лансираше модел на интелигентен часовник кој ги нудеше најважните информативни наслови и спортските резултат, меѓутоа неговата комерцијализација беше сопрена во 2008 година.