„Microsoft News“ е новата апликација за вести на компанијата за Android и iOS

Од:

Мајкрософт сака да стане главен извор за најнови вести за милиони корисници. Компанијата го користи својот официјален блог за да извести дека тие прават промени на начинот на кој тие препорачуваат и прикажуваат статии на Интернет. Нивните софтверски инженери создадоа нова мобилна апликација за водечки платформи, наречена „Microsoft News“, и сега е достапна за преземање. Оваа програма ги користи истите алгоритми како MSN.com и почетната страница на прелистувачот „Edge“.

Содржината во „Microsoft News“ се уредува од специјален тим од луѓе кои избираат најинтересни публикации, кои можат да го привлеча вниманието на корисниците. Мајкрософт исто така користи вештачка интелигенција за да избере статии. Комбинацијата меѓу ВИ софтвер и човечкиот фактор за избор не е единствената предност на апликацијата, објави „ЦНет“. Teхнолошкиот гигант соработува со над 1.000 премиум издавачи и повеќе од 3.000 глобални брендови во светот во изборот на публикации.

Меѓу нив се забележуваат имињата на USA Today, The New York Times, FOX News, The Washington Post, The Guardian, Le Monde, Die Welt, El Pais, BBC News, Kyodo News и др. Специјален алгоритам се грижи за агрегација на најдобрите вести, слики, видеа и мултимедијални содржини за сопствениците на паметните телефони со Android и iOS, без разлика каде се наоѓаат. Апликацијата поддржува 28 различни јазици и излегува како директен конкурент на Apple News и Google News.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска