Мет Дејмон би се вратил на серијалот „Борн“, но најголем проблем е приказната

Од:

Глумецот Мет Дејмон изрази желба да се врати во филмскиот серијал „Борн“, каде улогата на Џејсон Борн последен пат ја играше во филмот „Борнов ултиматум“ во 2007 година. Го наследи Џереми Рене во улога на агентот Арон Крос во филмот „Бороновото наследство“.

Дејмон во октомври изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да ја игра таа улога, но сега за „Акцес Холивуд“ рече дека се надева дека сепак ќе се врати на серијалот.

– Секогаш сум бил отворен за таа опција. Го сакам тој лик и го сакам тој серијал, меѓутоа проблем е да се пронајде соодветна приказна. Како повторно тој лик да се врати во случувањата? Ако тоа успееме да го решиме, ќе снимиме филм, рече Дејмон.

Глумецот откри дека за новиот „Борн“ филм разговарал и со Пол Грингрс кој ги режираше „Борновата надмоќ“ и „Борновиот ултиматум“.

– Разговараме за многу работи, а Џејсон Борн секогаш се наоѓа меѓу нештата за кои расправаме бидејќи тој е голем и важен дел од нашите животи. Би сакале повторно да работиме на тоа, но тешко е работите да се доведат на вистнското место, додаде Дејмон.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ