Истражување спроведено во Италија покажува дека местоположбата на туморот има големо влијание на смртност од рак на дебелото црево.
Многу поголеми шанси за преживување имаат пациенти чии тумори се сместени во близина на ректумот, бидејќи во овие случаи се јавуваат фактори како крвавење кои ги зголемуваат шансите за побрза интервенција на лекарите.
Наспроти тоа, туморите сместени во делот на дебелото црево што се наоѓа во близина на тенкото црево, најчесто предизвикуваат само анемија и поради тоа обично доцна се откриваат.
Покрај тоа, овие тумори метастазираат во поголем број на случаи, а посебно е загрозен црниот дроб.
Истражувачите од институтот АССТ од Бергамо користеле податоци за 1,4 милиони пациенти вклучени во 66 претходно спроведени истражувања.
Испитаниците биле следени просечно пет години, а разликата во стапката на смртност зависно од локацијата на туморите достигнувала 20 отсто.