Жителите на рибарското гратче Сан Педро Уамелула, на југот на Мексико, облекоа мала женка алигатор како невеста и ја омажија за својот градоначалник.
Кумот на венчавката Хуго Гонзалес, рече дека сватовите од „невестата“ побарале да им подари дожд и добар улов.
Малата рептилка најнапред е крстена, а потоа и се пеени серенади додека е шетана по градот.
Сватовите на прославата танцувале со женката алигатор, чија вилица од претпазливост цело време била замотана со леплива лента, пред да биде вратена во дивината.