Мексиканка се запиша во гимназија на 96 години

Од:

Гвадалупе Паласиос има 96 години, но таа дури и не размислува за откажување од своите амбиции. Таа почна да посетува настава во средно училиште затоа што сака да стане учителка.

„Девојката“ се надева дека ќе се здобие со диплома до стотата година, за потоа да има можност да се школува за учителка.

– Се би дала за такво нешто, изјавила Гвадалупе првиот ден на часовите, каде што другите ученици ја поздравија со аплауз.

Гвадалупе растела во сиромаштија. Од детството работела на фармата на своите родители и не можела да оди на училиште. Подоцна таа продавала кокошки на пазарот и одгледала шест деца. Имала 92 години кога решила да научи да чита и пишува.

Во 2015 година, се запишала во училиште за возрасни и за четири години таа завршила основно и средно образование.

Со оглед на тоа дека не постои специјализирана програма за понатамошно образование за возрасни, 96-годишната Мексиканка сега е во клупите со осум децении помладите соученици.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори