Меѓу номинираните за Оскар за визуелни ефекти повторно филм на кој работеше FX3X

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FX3X учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ кој доби номинација за Оскар.

Покрај овој филм, номинирани за најдобри визуелни ефекти во изминатата година се и филмовите: „Кристофер Робин“, „Првиот човек“, „Спремен играч број еден“, „Соло: Приказна за Војна на ѕвездите“. Официјалната церемонија на 91-то доделување на наградите Оскар ќе биде на 24 февруари, а номинациите беа објавени денеска во театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес.

-Ја почнавме 2018 година со реализирана цел која беше една декада зацртана во портфолиото на компанијата: „Star Wars: The Last Jedi”, со што конечно се исполни стремежот да се работи на една од најпознатите франшизи во филмската индустрија, особено кога се визуелните ефекти во прашање. Во текот на 2018 година беа реализирани 20 проекти, од кои 16 во филмска и четири во телевизиска продукција. Во првата спаѓаат: „Црниот пантер“, „Томб Рајдер“, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, „Дедпул 2“, „Јурасик Светот: Паднатото кралство“, „Еквилајзер 2“, „Шпионот кој ме откачи“, „Мег“, „Невозможна мисија: Пребројување“, „Предатор“, „Венум“, „22-рата милја“, „Крид 2“, „Аквамен“ и „Мери Попинс се враќа“. Проекти во телевизиската продукција беа филмовите: „Кутија за птици“ и „Кралот Одметник“, „Ураган“ и сериите „Стар трек дискавери“ и „Игра на тронови“, соопшти FX3X.

FX3X досега има реализирано 135 проекти од кои 120 филмски и 15 телевизиски, а од филмовите на кои има работено 18 биле номинирани за Оскар. Од нив, Оскар добиле „Златниот компас“ (2008), „Животот на Пи“ (2013) и „Ранго“ кој доби Оскар за анимација во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка