Меѓу младите Исланѓани нема такви што мислат дека Бог го создал светот

Од:

Исланд со секој нареден ден, навидум, станува се повеќе секуларна држава. Имено, помалку од половина Исланѓани се религиозни, додека оние кои се изјаснуваат како атеисти се повеќе од 40 отсто, покажуваат резултатите на неодамна спроведената анкета врз примерок од 3.000 лица.

На прашањето за тоа како настанал светот, 93,9 отсто од Исланѓаните помлади од 25 години мислат дека тоа се случио во Големата експлозија,  додека 6,1 отсто немаат мислење за тоа. Со други зборови, ниту еден Исланѓанец помлад од 25 години не мисли дека светот е создаден од Бога.

Постарите Исланѓани се порелигиозни, па 80,6 отсто од постарите од 55 години, се декларирале како верници, додека само 11,8 осто се изјасниле како атеисти. Меѓутоа, дури и меѓу таа популација, 46,1 отсто мислат дека Земјата настанала во Големата експлозија, 24.5 отсто мислат дека планетата ја создал Бог, а преостанатите немаат став.

Како што се наведува во ова истражување, мнозинството од популацијата која не е религиозна живее во главниот град на Исланд, Рејкјавик.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски