Медитеранската храна е најдобра за надворешниот изглед

Од:

Медитеранската исхрана е најдобро средство во борбата против вишокот на килограми, сметаат научниците.

Истражувањата покажуваат дека медитеранската храна може во многу краток рок да ја намали опасноста од срцеви и мозочни удари и е идеална за оние кои сакаат да ги намалат килограмите.

Официјални претставници на британскиот здрвствен систем подолго време предупредуваат за неопходност од итна акција во борбата против вишокот килограми и здравствените проблеми кои ги предизвикува дебелината.

Познати британски лекари сметаат дека „брза“ диета е онаа  која исклучиво се фокусира на број на калории кои се штетни за здравјето, а најдобар пристап претставува „здравата храна“ која подразбира конзумирање овошје и зеленчук, јаткасти плодови и маслиново масло, што всушност се намирници кои ја сочинуваат главната медитеранска исхрана.

Шефот на истражувањето, кардиологот Асим Малхотра истакнува дека научните докази во врска со овој вид на исхрана се повеќе од евидентни.

Би можело да ве интересира

30 дена јадела само овошје и открила што се случи со нејзиното тело

А1он

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска