Научниците првпат открија јасни биолошки докази дека медитацијата и групите за поддршка можат да влијаат на нас на клеточно ниво, пренесува „Sciencealert“.
Студија на истражувачите од Канада, објавена во списанието „Рак“, е прва која откри докази кои покажуваат дека групите за поддршка кои ги охрабруваат луѓето на јога и медитација, всушност ја клеточната активност на лицата кои преживеале рак.
Тие открија дека теломерите – протеински „чепови“ на врвот на хромозомите кои одредуваат колку брзо клетката ќе старее – останале на иста должина кај лица кои преживеале рак и кои практикувале јога и медитација во текот на тримесечниот период.
Од друга страна, теломерите на лицата кои не биле дел од овие групи во текот на тој период се намалиле.
Научниците и понатаму не знаат дали теломерите се вклучени во регулација на болеста, но постојат рани докази кои укажуваат на тоа дека скратените теломери можат да бидат поврзани со шансите за преживување на неколку болести како што се ракот на дојката, додека долгите теломери помагаат во нашата заштита од болести.
– Веќе знаеме дека психосоцијалните интевенции како медитацијата можат да ни помогнат да се чувствуваме пообро, но сега првпат имаме докази дека тие можат да влијаат и на клучните аспекти на човечката биологија, изјави Линда Карлосн од Том Бејкер Центаор за рак.
Во истражуањето учествувале 88 лица кои преживеале рак и кои завршиле со медицински третмани три месеци пред почетокот на студиите.
Учесниците во студијата биле поделени во три групи, а лицата во групите кои биле дел од групата за поддршка ја задржале должината на теломерите во текот на тримесечниот период, додека теломерите од третата група, чии членови присуствувале само на еден семинар за регулирање на стрес се скусиле.
Иако тоа прилично е возбудливо истражување се уште не е познато дали овие придобивни се од долгорочен карактер, како ниту тоа кој го создава овој билошки ефект.
Истражувачите планираат понатамошни истражување за да се утврди дали овие резултати можат да се пресликаат на поголем број учесници, и какво е нивното долгорочно влијание врз нашето здравје.