Австралискиот дизајнер Том Фередеј креираше уникатна и единствена колекција мебел за „Луј Витон“.
Колекцијата нарачана од францускиот моден бренд, содржи столици, маси, фотељи и софа. Секое делче мебел е направено од цврст јасен, даб и австралиско трендафилово дрво.
Фередеј е роден во Австралија, пораснал во Велика Британија, каде што ја започнал својата дизајнерска кариера, па потоа повторно се вратил во Сиднеј. Од своите почетоци тој се занимава со нарачки за мебел кој би бил единствен од својата линија.