Студиото од Сан Франциско „Галантер енд Џонс“ креираше мебел од камен со вградени греачи, кои прават седењето на него да се доживува како топла купка без вода.
Мебелот е направен од бетон преработен со висока технологија и калап кој е специјално дизајниран за максимална удобност.
Електричните делови се вградени во внатрешноста на мебелот и зрачат топлина низ материјалот со цел нежно да го загреат грбот на корисникот и горниот дел на нозете.
Мебелот може да се приклучи на стандардна електрична инсталација, додека температурата може да биде контролирана со термостат и вграден прекинувач.
Комапнијата има понудено различни модели на пазарот од типот на фотелји и софи.