Францускиот дизајнер Пјер Јованович на изложбата „ООПС“ во Њујорк ја претстави неговата нова колекција мебел инспирирана од бајките.
Фотелјите во колекцијата, се инспирирани од приказната „Златокосата и трите мечки“, па поради тоа се понудени во три различни варијанти: Тато мечка (Papa Bear), Мама мечка (Mama Bear), Бебе мечка (Baby Bear).
Колекцијата исто така вклучува и клупа во форма на крофна, столчиња кои изгледаат како огромни камења, црни лустери инспирирани од Е.Т, како и многу други елементи.