„Маус Бат“ – компјутерско глувче што лебди

Од:

Чешката компанија „Кибардиндизјан“ претстави глувче за компјутер што лебди, со футуристички изглед.

„Маус Бат“ е наменето за лица кои голем дел од своето време минуваат работејќи на компјутер, а негова цел е ги спречи проблемите со зглобовите и дланките.

Глувчето на чешката компанија има модерен дизајн, а функционира така што „стои“ над магнетен прстен што овозможува да лебди на 40 милиметри над подлогата или на 10 милиметри под тежината на раката.

Освен футуристичкиот дизајн, глувчето спречува оштетување на нервите и дисфункција на рацете. „Маус Бат“ е специјално наменет за лица кои боледуваат од синдромот на карпален тунел.

Иако, „Маус Бат“ го привлече вниманието на јавноста, глувчето се уште е во фаза на тестирање и не се наоѓа во продажба.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска