Маск: Климатските промени и вештачката интелигенција се најголеми закани за човештвото

Од:

Климатските промени, како и вештачката интелигенција, се најголемите закани со кои се соочува човештвото во овој век, наведе Илон Маск, директорот на компаниите „Спејс Екс“ и „Тесла“ во интервјуто за магазинот „Ролинг Стоунс“.

– Се се сведува на забава и игра, додека некој не го загуби окото. Упорно предупредувам, но ми се чини дека додека работите не почнат да ги убиваат луѓето, луѓето нема да знаат како да реагираат, објасни Маск.

Мислењето на Маск, во однос на вештачката интелигенција ретко кој го изненадува, особено по пресметката со сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг за тоа прашање.

– Фејсбук, Гугл и Амазон имаат повеќе информации за вас од што можете да замислите. Вештачката интелигенција претставува екстремна моќ. Дали навистина би требало да се наоѓа во рацете на неколкумина?, нагласи Маск, додавајќи дека постои голем ризик што со себе го носи таквата моќ.

Директорот на „Спејс Екс“ и „Тесла“ оценува дека луѓето треба да бидат предупредени за сите негативни околности многу време пред тие да се случат.

– Некои од нив можат да бидат многу страшни, што дури во овој момент не можеме да кажеме дали некогаш ќе бидеме во состојба да заздравиме. Мораме да бидеме подготвени и на сценарио во кое светот нема да успее да заздрави. Кога ризикот е толку голем, мораме да бидеме проактивни, а не рактивни, заклучи Маск.

Тој, кон почетокот на 2015 година донираше 10 милиони долари за институтот „Фјучр оф лајф“, што се занимава со намалување на потенцијалниот ризик со кој човештвото може да се соочи при развојот на вештачката интелигенција.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ