Необичната масичка во чија средина растат билки, е дело на дизајнерот Максим Шербаков од Санкт Петербург, која симболично е именувана „Спутник-5“ според светскиот сателит „Корабл Спутник 2“( на Запад познат како „Спутник 5“) кој прв ги пренесе живите суштества во универзумот и безбедно ги врати на Земјата.
Масичката е составена од повеќе компоненти, почнувајќи од белата метална рамка во форма на коцка со трапез во внатрешноста, дабова плоча која е сместена на трапезот и служи за потпора на мермерната саксија која продоложува во внатрешниот дел на рамката, мермерен елемент со дупка во средината поставен на врвот на саксијата кој има функција на плоча за масичката и мала метална пирамида која го покрива отворот на плочата.
„Спутник-5“ служи како држач за саксија кога е тргната мермерната плоча, но може и целосно да се расклопи и секој елемент посебно да се користи како декоративен предмет.