Маса со природна форма

Од:

Руската дизајнерка Ана Струпинскаја, инспирана од убавината на природните форми, ја осмисли масата „Treeangle“.

Формата на масата потсетува на заоблено стебло. Дизајнот е комбинација на традиција и иновација, асиметрија и геометрија, користење на природни и вештачки материјали. Ногарката на масата како да „расте“ низ кружната дрвена табла и се претвора во помал сад која може да се отстрани по желба.

Treeangle-Table-Design-2

Дизајнот изгледа лесно и динамично и благодарение на мазните, органски форми масата од различни агли изгледа поинаку. Ногарките на масата се направени од вештачки камен Corian DuPont.

По зборовите на авторот, концептот генерално се однесува на процесот на производство на мебел. Стотици години масите се правени од дрво, но вештачкиот камен сега е симбол во историски контекст.

treeangle

Масата „Treeangle“ премиерно е претставена во Москва на Неделата на дизајнот во 2013, а во 2014 година ја освои престижната награда за објект и дизајн.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска