Марк Зукерберг може да стане најопасниот човек на планетава

Од:

Сидни морнинг хералд – Сиднеј

Мора ли да повториме? Мора ли баш да го објаснуваме очигледното и да укажеме на фактот што секој на планетава сигурно досега го сфатил?

Го знаете човекот кој е одговорен со тоа што дозволи лаги и неточни информации да се шират за време на изборите во САД.

Онлајн медиа џиновите ги менуваат своите политики за да се борат против насилното однесување и да ја подобрат прецизноста.

Го знаете човекот кој произлезе од турбулентната кампања и кој не поднесува сметка никому и кој располага со огромна моќ и влијание.

Го знаете овој човек затоа што тој може да стане најопасната личност на планетава.

Сите го славеа „Цезарот“ на 21-иот век – Марк Зукеберг. Оној, типот од Фејсбук.

Тој не замајуваше сите некое време со неговите маички со кратки ракави и патики, со неговите недоливото однесување на добротвор за обединување на светот и живот во мир под плаштот на неговата филантропска организација, неговите ветувања дека ќе не поврзе сите за никој повторно да не се чувствува осамен. Затоа што човеков е сигурно дете од љубовта меѓу Боб Гелдоф и Мајка Тереза.

Но рутината на бубалицата со наивен сон за обединување на свеот Зукерберг исчезна пред неколку години. А однесувањето на Фејсбук за време на изборите само ја зголемија неговата улога како голем обликувач на влијание и јавно мислење во светот.

Фејсбук беше главниот пренесувач на безбројни лажни приказни за време на кампањата. И додека половина Американци користат социјалната платформа како нивен главен извор на вести и информации – нашите бројки се исто толку фасцинантни, кога 95 проценти од австралијанците имаат свој профил и минуваат 12,5 часа неделно како активни корисници – способноста да привлекува и ја води публиката е скоро без преседан. Ниту еден римски император ја немал таа моќ.

Постои лажна приказна споделена скоро милион пати дека папата го поддржал Доналд Трамп. Дека Тејлор Свифт гласала за Трамп. И кој може да ги изброи сите оние текстови, сите без сигурен извор, дека Хилари Клинтон страдала од ментална болест или фатална болест?

Одговорот на Зукеберг беше тенок и незадоволителен. „Прилично луда идеја“, одговори тој на прашањето за влијанието на Фејсбук во изборите. „Вестите и медиумите не се она главното што луѓето го прават на Фејсбук, па затоа ми е чудно кога луѓето инсистираат што се нарекуваме новинска или медиумска компанија со цел да ја прикажеме нејзината важност. Ние сме технолошка компанија затоа што главната работа која а правиме преку многу производи е инженерска и конструктивна технологија за да ги овозможиме сите овие нешта“.

И, да. Стариот аргумент ние сме само куп бубалици кои секого поврзуваат. Типови кои не можат да напишат едноставен алгоритам за да го ослободат Фејсбук од лажни вести?

Сетете се кога Фејсбук беше само ново дете на листата на социјални медиуми? Големиот насилник од кој сите се плашеа беше Гугл, кој пак стана најголемата супермаркетска каса во историјата, фабрика за процесирање на податоци низ целиот свет кој е единствено воден отисок на секоја транскација со пари на планетава.

Но Фејсбук, без разлика на постојаните жалби од Зукерберг дека е тоа граѓански ентитет посветен на поврзување на секое живо суштество на Земјата – и судејќи според скоро неможноста да го затворите вашиот Фејсбук профил, ќе ставиме тука и мртов – е исто така во врска со трупањето на влијание и обликување на идеи.

Не само што опслужува повеќе од една милијарда активни корисници секој ден, тоа ги узурпираше традиционалните медиумски организации врзани со бајатите владини регулативи и транспарентните правила за однесување со преземање на позицијата како водечка светска платформа за содржини, дозволувајќи им на поединци да си бираат каква содржина ги интересира.

-Сето тоа е добро, би викнале некои од вас. Повеќе моќ на индивидуите наместо оние наклонети медиумски барони од минатото. Но Фејсбук никогаш не поднесувал сметки за своите алгоритми. Не постои транспарентност кога станува збор за тоа како се избираат нивните контроверзни „најтрендовски теми“, и покрај негирањата тшо се косат со либералните ставови на прегледуваните приказни.

Престанав да користам Фејсбук пред неколку години. Остарев и се изморив одобрувајќи барања за пријателства, нападни потсетување дека стигнала е-пошта, постојаните барања за информации во врска со мојот живот и каде некогаш сум јадел/пиел и дишел. Дали животот ми е посиромашен? Мислам дека ми е сега подобро затоа што помалку Зукерберг знае за мене, се чувствувам толку побезбедно.

Една пријателка неодамна ми призна дека би се откажала од Фејсбук но дека премногу е исплашена од последиците. Минатиот пат кога го направила тоа, престанале да и стигнуваат покани за забави и собирања со прјателите. Таа била избегнувана, останала незабележана и бесно мафтала кон група пријатели кои биле презафатени со гледање надолу додека проверувале новите постирања за га погледнат нагоре.

Пак ќе ја охрабрам да се откаже. Дефинитивно пораката од САД минатата недела беше гласна и јасна.

Марк Зукерберг? Тој не ни е пријател.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он