Основачот на Фејсбук, Марк Цукербер стана татко и објави дека неговото богатство ќе го подари во текот на животот, за да направи подобар свет за децата низ целиот свет.
Цукерберг оваа среќна вест, секако, ја објави на Фејсбук.
– Присила и јас сме премногу среќни поради доаѓањето на свет на нашата ќерка Макс и напишавме писмо каде го опишавме светот каков што сакаме да биде кога таа ќе порасне, напиша Марк, додавјаќи дека тоа е свет каде ќе се има рамноправност меѓу луѓето, лекување на сите болести и каде ќе нема сиромаштија.
Тој, исто така, порача дека со цел да направи подобар свет за децата, во текот на својот живот ќе ги донира 99 отсто од акциите на компанијата „Фејсбук“.
Откако дозна дека ќе стане татко, Марк активно се вклучува во програмите за подобрување на животот на децата во светот.
Освен тоа, тој најави дека ќе отсуствува неколку месеци за да и помогне на неговата сопруга во чувањето на нивната ќерка. Со ова тој воведе ново правило во компанијата „Фејсбук“, па од сега и татковците можат да земат породилно отсуство.
– Ние сакаме да направиме подобар свет за децата. Ќе донираме 99 отсто од акциите на „Фејсбук“ во текот на својот живот, кои моментно чинат 45 милијарди долари, за унапредување и за следните генерации, објави Марк, притоа заблагодарувајќи им се на сите.