Во малата куќа во индустриски стил доминира дрвото и челикот. Малиот простор содржи кујна, дневна соба со кауч и трпезариска маса. Скалите покрај кујната водат на поткровјето преку стаклната платформа, во која се наоѓа бањата и спалната соба.
Надворешниот дел изгледа малку запуштено, рустично, бидејќи доминира тула. Големиот прозорец создава визуелен простор во малиот ентериер.
Карактеристичната фасадна тула ја има и во затворениот простор.
Малата дневна соба со трпезарија е компактна. Современиот стил на кујна е од бели елементи кои одбиваат светлост околу просторот. Отворот во таванот овозможува проток на светлина. Стаклениот мост се протега од бањата кон спалната соба, која иако е мала има се.