Куќата што се простира на 50 метри квадратни изградена е исклучиво од стари и искористени материјали.
Подовите во куќата се од локален бел даб од Орегон, додека трпезариската маса е направена од оревово дрво. Во кујната има печка на дрва која ефикасно ја загрева куќата. Куќата има кујна, трпезарија и дневна соба со големи, удобни софи, каде спијат гостите. Фиоките до софата служат за складирање на детските играчки.
Големата ѕидна полица е наменета за книги, а е и декор во малиот дом. На таванот е сместена спалната соба до која се стигнува преку дрвени скали. Бањата и спалната соба имаат пониски тавани.
Детската соба има два кревета и кревет за гости.
На зелениот покрив има засадено мов и папрат, што служи како изолација, но нуди и визуелен контраст на традиционалната бела викендичка.