Станот од 59 метри квадратни во Ванкувер е осмислен да на најдобар начин се искористи секој поединечен квадрат од просторот.
Посебен впечаток остава организираниот простор на дневната соба.
Кујната се наоѓа на половина пат меѓу дневната и спалната соба.
На почетокот од ходникот сместена е мала канцеларија.
Недостатокот од непотребни внатрешни прегради создава впечаток дека станот е поголем.
Висината на таванот од три метра исто така визуелно го зголемува станот.