Макс Бункер: Алан Форд е попопуларен на Балканот отколку во Италија

Од:

Италијанскиот автор на стипови Макс Бункер, чие вистинско име е Лучано Сечи, во едно интервју открива дека му е многу мило што луѓето од поранешна Југославија, многу добро ја разбираат неговата смисла за хумор во стрипот Алан Форд, кој доживеал поголем успех на Балканот отколку во Италија.

Стрипот за Алан Форд, Сечи го создал во 1969 година, во соработка со веќе покојниот цртач Роберт Равиоло, познат под псевдонимот Магнус.

Романите за Алан Форд се појавија на трафиките во поранешна Југославија, неколку години подоцна во превод на Ненад Бакси и останаа популарни и денес, како четиво кое лесно го „голтаат“ бројни генерации.

– Морам да признаам како луѓето од Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, односно на целата поранешна Југославија, се многу интелегентни, затоа што многу брзо го сфатија мојот смисол за хумор и го прифатија. Жал ми е што никогаш немав можност да го запознаам Ненад Бакси, кој направи многу добра работа, затоа што успеа да го преведе не само јазикот, туку и духот на моитр приказни, вели Макс Бункер.

На прашањето од каде му е инспирацијата за ликовите на Групата ТНТ, Бункер вели дека „животот е најдобар учител“, дури и во создавањето на стрипови.

Првото сценарио за стрипот го напишал во 1967 година, но до објавувањето на првиот број минале уште две години.

Бункер во една прилика исто така откри дека главниот лик на Алан Форд, е инспириран од вистинска личност и тоа од познатиот ирски актер Питер О’Тул, а за ликот на Боб Рок бил инспириран од неговиот близок соработник.

– Тоа е точно. Боб Рок е портрет на Магнус, потврди во интервјуто Бункер.

Тој открива дека „групта ТНТ секогаш е жива, дури и кога не собрана“, додавајќи дека не ни сигурен како таа приказна понатаму ќе се развива.

Бункер изрази посебно задоволство поради големата популарност на стриповите на подрачјето на Балканот и влијанието кое тие го имале врз многу генерации.

– Се чини дека навистина е така. Алан Форд  влијаеше на многу луѓе. И денеска добивам многу писма и мејлови за овој стрип. Мило ми е ако сум помогнал, па дури и на само една личност за подобро да се чуствува, призна задоволно Бункер, кој исто така рече дека стрипот во Италија ќе излегува се „додека е жив“.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он