Макрон ќе ги помине празниците во Форт де Брегансон

Од:

Елисејската палата соопшти дека претседателот ќе оди во резиденцијата во Вар, во среда. Тој треба да остане таму сè до неговите традиционални „желби кон Французите“, закажани за 31 декември во 20 часот, јавува дописникот на МИА.

Се очекуваше да Емануел Макрон да земе„неколку дена одмор“, но дестинацијата сè уште не беше позната. Според Елисејската палата, Емануел и Брижит Макрон ќе одат во Форт де Брегансон за прославите на крајот на годината. Претседателот и првата дама се очекуваат во резиденцијата која се наоѓа во Вар, од среда. Тие треба априори да останат таму една недела, сè до традиционалните „желби до Французите“ на шефот на државата, закажани за 31 декември во 20 часот.

Во полн ек на штрајкот против пензиските реформи, и додека консултациите меѓу владата и социјалните партнери нема да продолжат до 7 јануари, се очекува Емануел Макрон да го искористи својот говор за да го коментира социјалниот контекст. Тој се досега молчеше со цел да му дозволиме на премиерот Едуар Филип да го преземе водството на преговорите во оваа „владина секвенца“.

Претседателот на Франција сигурно дека ќе го брани својот проект, кој го стави во својата предизборна програма но и во исто време тој ќе треба да ја брани и националната кохезија, силно разнишана со протестите на жолтите елеци и сега штрајкот на синдикатите.

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски