„Макфест“ со снимка, утре премиерно на МТВ

Од:

МТВ не го пренесува финалето на 28-мото издание на „Макфест“ поради технички причини. Како што велат нашите соговорници, водителката на фестивалот, Вера Јанковиќ во неколку наврати најавувајќи ги пејачите кои треба да се појават на сцена, изјавувала дека „Макфест“ директно се пренесува на првиот канал на националниот јавен сервис.

makfest

Публиката во салата била збунета, но и дел од пејачите кои добивале пораки дека годинешното финале не се пренесува на ниту еден канал на МТВ.

Како што велат нашите соговорници, најавено е дека фестивалот се снима и снимката од вечерашното издание ќе биде емитувана утре на МТВ1 во попладневните часови.

Ниту на програмата за денешниот ден, која стои на веб – страницата на МТВ, не пишува дека јавниот сервис ќе врши директен пренос на фестивалот, иако беше најавен за 21:00 часот.

Пред неколку минути заврши официјалниот дел од програмата, каде настапија вкупно 18 изведувачи, по што следува гласање и прогласување на победникот.

МТВ вчера директно го пренесуваше полуфиналето на собранискиот канал.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски