Штипската публика на „Макфест“ одлучи наградата да оди кај дебитантката Сара Марковска, иако немаше дилема дека најдоброто издание на овогодинешниот фестивал е Тамара Тодевска.
Тамара со песната „Готово е“ го освои првото место од жирито, и второто место од публиката, а за нејзината интерпретација ја доби и наградата „Тоше Проески“. Биба Додева беше трета по гласовите на публиката.
Како што кажаа и на фестивалот и не погрешија „Некои песни се слушаат секогаш, некои победуваат“.