Македонски и регионални музичари на Балкан Гала ‘22 со Камерниот оркестар на Битола

Од:

На 6 и 7 јули во Битола ќе се одржи фестивалот „Балкан гала“ со Камерниот оркестар на Битола.

На поп и рок концертот, оваа година освен македонски, ќе настапат и музичари од регионот, но и познатиот светски диџеј Дарен Емерсон.

Првата вечер на концертот „Рок симфонија“ ќе пеат Ристо Вртев, Гиле од Електрични оргазам, Ружица од Ареа, Пеце Суперхикс и Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.

По нив, од 23 часот свој сет ќе има британскиот диџеј Дарен Емерсон и македонските диџеи Горан Кан и Херзел.

Втората вечер е концертот „Поп симфонија“ на кој заедно со Камерниот оркестар ќе пеат Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски.

Концертите на „Балкан гала“ почнуваат од 20 и 30 часот.

Скоро една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан.

Балкан Гала е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола.

Самостојниот концерт Рок Симфонија во Комбанк Дворана (Дом Синдиката) во 2019 година во Белград, во српските медиуми е окарактеризиран како еден од најдобрите рок концерти во последните неколку години.

Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на Балкан Гала кој што полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година, кој што со секое издание ги проширува границите за артистите кои што гостуваат.

Балкан Гала е фестивал, со содржина и форма која што го привлекува вниманието на пошироката публика.

Содржината и формата на фестивалот овозможуваат посетителите да слушнат и видат поголем број на артисти во една вечер, односно две вечери колку што трае фестивалот.

Би можело да ве интересира

Концерт „Табула раса“ со камерниот оркестар „Профундис“

Камерниот оркестар на Битола го одржа второто издание на „Балкан Гала“

Горан Наумовски

Балкан Гала ‘22 ги поместува границите на музичките настани

Камерниот оркестар на Битола одржа концерт во чест на Тоше

Наум Локоски

Новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар – Битола

Ана Ололовска

„Лејдис симфони” – новогодишен концерт на Камерниот оркестар – Битола

Ана Ололовска