Новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар – Битола

Од:

Камерниот оркестар на Битола вечер, со традиционалниот новогодишен концерт, ќе ја заокружи успешната година во која настапуваше дома и во странство.

На програмата се хитови од светски познатите имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,… кои заедно со Оркестарот ќе ги изведат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

– Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“ но и гостувањата во странство пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац, најави Владимир Димовски, диригент на Камерниот орксетар, во пресрет на вечерашниот концерт.

Камерниот оркестар работи под покровителство на НУ Центар на култура – Битола годинава одржа заеднички концерти и со Влатко Стефановски, како и со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов